Тодор Проески - Тоше

1981 - 2007

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“ - Тоше Проески

Темата “Усни на усни” на авторите Григор Копров и Огнен Неделковски, изведена на охридскиот фестивал “Охридски трубадури” во 1998 година, е негов прв голем радиски хит. За таа песна Тоше ја добива втората награда од жирито на овој реномиран фестивал. Во ноември истата година Тоше ја добива наградата “Гран при” на фестивалот “Еврофест” во Скопје за антологиската “Сонце во твоите руси коси” на авторите Григор Копров и Огнен Неделковски. Во февруари 1999 година тој ја добива наградата за откритие на годината на првата “Златна буба мара на популарноста” и предизвикува вистински делириум меѓу публиката во Универзалната сала. Истата година, некој месец подоцна, на Скопскиот фестивал Тоше го пее својот трет голем хит “Твоите бакнежи на моите бели кошули” на тандемот Копров – Неделковски. Веднаш потоа го потпишува својот прв договор со продукцијата Авалон и набрзо го снима својот прв спот за темата “Твоите бкнежи на моите бели кошули”. Авалон во 1999 година го издава деби-албумот на Тоше “Некаде во ноќта”. Летото истата година, Тоше го одржува својот прв концерт на Лизгалиштето во Скопје. И покрај дождот и лошото време, овој концерт останува незаборавен за неговите обожаватели.

Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје фест” (на кој се избира македонскиот претставник на “Евровизија”) со песната “Солзи прват златен прстен” на тандемот Копров – Неделковски. Песната, и покрај тоа што победува на телевизиското гласање, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победниците XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот божји”. Вториот албум на Тоше е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како “Немир”(дует со Каролина Гочева), “Во коси да ти спијам”, “Излажи ме уште еднаш”, како и “Илузија” и “Тајно моја”. Освен Копров и Неделковски, на овој албум Тоше соработува и со Кире Костов, Миодраг Врчакоски, Мирјана Данаилоска и други. Со темата “Тајно моја” на Кире Костов и Огнен Неделковски, Тоше го прави првиот вистински пробив на Балканот, освојувајќи го второто место на фестивалот “Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора. “Тајно моја” победува и на престижниот фестивал “Славјански базар” во Белорусија. Српската продукциска куќа “БК Саунд” ги откупува правата за издавање на албумот на Тоше на просторот на поранешна Југославија, кое, пак, резултира со “Оскар на популарноста” на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година.

Албуми

1999 година - Авалон продукција

Некаде во ноќта

1.Твоите Бакнежи На Моите Бели Кошули 2.Еx Да Сум Злато 3.Го Молам небото Да Ми Те Врати 4.Скрши Ме 5.После Дожд Доаѓа Сонце 6.Руски Рулет 7.Пушти Ме 8.Остани До Крај 9.Побегни 10.Сонце Во Твоите Руси Коси 11.Усни На Усни.

2000 година - Авалон продкција

Синот Божји

1.Синот Божји 2.Немир 3.Ноќна игра 4.Во коси да ти спијам 5.Казна моја си ти 6.Излажи ме уште еднаш 7.Илузија 8.Солзи прават златен прстен 9.Тајно моја

2002 година - Final Cut Production

Ако ме погледнеш во очи

1.Ако ме погледнеш во очи 2.Соба за тага 3. Магија / Тоше и Есма 4. Hold me tight 5. Уште една скала 6.Место на злосторот 7.Лименка 8.Студена 9.Немаш ни благодарам

2004 година - "Final Cut Production" и MTV (прво издание), "Award Entertainment" (второ издание)

Ден за нас

1.Ѕвездо Севернице 2.Ме сакаш со зборови 3.Жена балканска 4.Има ли ден за нас 5.Велам Лејди 6.Никада 7.Чија си 8.Life 9.Зошто отиде 10.Ангел си ти 11.Далеку од мене 12.Еј Синоока, Еј Босонга 13.Го лажам секој нов рефрен 14.Љубена 15.Парче од Европа 16.Сон егзотичен

2005 година - "Award Entertainment"

По тебе

1.По тебе 2.Zao mi je 3.Рани на усните 4.Слушаш ли 5.Малечка 6.Громови на душа 7.Лошо ти стои 8.Кој ли ти гризе образи 9.Полско цвеќе 10.Нај, нај 11.За овој свет 12.Lagala nas mala 13.This world 14.Krajnje vrijeme

2006 година - "Award Entertainment"

Божилак

1.Бор садила мома Евгенија 2.Се посврши сербес Донка 3.Ако одам во Битола 4.Јовано, Јованке 5.Калеш Анѓа 6.Море сокол пие 7.Не си го продавај Кољо чифликот 8.Си заљубив едно моме 9.Учи ме мајко, карај ме 10.Со маки сум се родил 11.Дејгиди луди млади години 12.Nveasta jilosa (Нажалена невеста) 13.Зајди, зајди јасно сонце 14.Мајка на Марика думаше

2007 година - "Award Entertainment"

Игри без граници

1.Душа остана 2.Никој како тебе не бакнува 3.Боже, чувај од зло 4.Месечина 5.Игри без граници 6.Среќна ли си ти? 7.Најдрага моја 8.Јас не сум виновен 9.Цреша 10.Волим осмјех твој (со Антонија Шола) 11.Вежи ме за себе 12.Остала си увјек иста 13.Срце није камен 14.Несаница 15.Несаница (remix) 16.Feeling good

2009 година - постхумно

The hardest thing

1.Aria 2.The Hardest Thing 3.Beautiful to Me 4.Guilty 5.Glide 6.Don't Hurt the Ones You Love 7.Separate Ways 8.Forever In A Day 9.My Little One 10.Aria

Времеплов

- 25.01.1981 - роден во Прилеп

- 1992 година - учество на “Златно славејче” со песната “Јас и мојот дедо”

- 1997 година - учество на “Мелфест” во Прилеп со песната “Yesterday”

- 1997 година - учество на “Макфест” со композицијата “Пушти ме”

- 1998 година - учество на “Охридски трубадури” со песната “Усни на усни”

- 1998 година - учество на “Еврофест” со композицијата “Сонце во твоите руси коси” при што ја добива наградата “Гран при”

- 1999 година - прв концерт на Лизгалиште на Скопје

- 2000 година - учество на на “Скопје фест” (на кој се избира македонскиот претставник на “Евровизија”) со песната “Солзи прват златен прстен”

- 2000 година - освојува второ место на фестивалот “Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора со композицијата “Тајно моја”

- 2003 година - победува на фестивалот “Беовизија” со песната “Чија си”

- 2003 година - именуван е за регионален амбасадор на добрата волја

- 2004 година - именуван за национален амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, како најмлад носител на оваа титула во светот

- 29 јуни 2004 година - прв концерт за Градски стадион на кој се присутни повеќе од 16 илјади фанови

- 23 јуни 2006 година - втор концерт на Градски стадион во Скопје

- 5 октомври 2007 година - трет концерт на Градски стадион во Скопје на кој сеприсутни повеќе од 20 000 посетители

- 16 октомври 2007 година - загинува во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години