Одбележување на роденденот на Тоше

Агенда за одбележувањето на роденденот на Тоше:

Крводарителска акција во соработка со „Црвениот Крст“ од Крушево, што веќе традиционално ја правиме на секој негов роденден, бидејќи и самиот тој беше крводарител,ќе започне во 9 часот и ќе трае до 16 часот - Да ја покажеме хуманоста на Тоше

                                         

Потоа ќе следи во 11:30 часот полагање свежо цвеќе и прикладни подароци на вечното почивалиште на Тоше

Од 12 часот започнува манифестацијата во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“

- Манифестацијата започнува со настап на Сотираки Чакалар
- Обраќање на градоначалникот на општина Крушево
- Ученици од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ читаат извадоци од песни на Тоше
- Настап на Марија Котеска
- Обраќање на директорот на НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“
- Доделување награди и благодарници
- Настап на Елена Ристеска

                                           
- Скромен коктел