ОТВОРАЊЕ

На 25.04.2011 година беше отворена Спомен куќата на Тодор Проески. Во неа се изложени над 350 автентични експонати кои ја раскажуваат приказната за детството, подемот и врвот на кариерата на бисерот на македонскатамузичка сцена, Тодор Проески.На настанот гостуваа Раде Шербеџија, Влатко Стефаноски и членови на Владата на РМ, и посетители од македонската , но и балканската музичка сцена. Токму стиховите на песната “Крушево” на Раде Шербеџија и Влатко Стефаноски, создадена конкретно за таа пригода, и официјално го означи отворањето на оваа монументална институција. Исто така , во рамките на отворањето, градбата беше осветена од верска процесија предводена од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.