Вајарството за Тоше и Спомен куќата

Почитувани,
Во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ Крушево ќе се одржи вајарска работилница со наслов „Вајарството за Тоше и Спомен куќата“ во период од 21.08 2018г. (вторник) до 25.08 2018 (сабота). Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија и е во рамките на годишната програма за 2018г. На вајарската работилница ќе земат учество познати и реномирани имиња на скулптори и вајари од Републикава. Цел на овај проект е да се афирмира и презентира НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ Крушево како и да се продолжи и зачува ликот и делото на Тоше Проески. Авторските дела се мотивирани од меморијалниот центар и кариерниот опус на Тодор Проески.
Ве покануваме да ја посетите оваа работилница.