ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на член 22 став 1 точка 1  и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ“ бр.167/15 -  пречистен текст, 27/16и120/18), член77г. од Законот за култура (,,Сл.весник на РМ,,бр.31/98, 49/03, 82/05,24/07,116/10,47/11,51/11,136/12,23/13,187/13,

44/14,61/15,154/15,39/16,11/18),а согласно Годишниот план за вработување на установата за 2019г.бр.04-47/5 од 24.04.2018г.и Позитивно мислење на годишен план за вработување за 2019г.издадена од Министерство за информатичко општество и администрација бр.12/6-4242/7 од 18.10.2018г.НУ,,Спомен куќа на Тодор Проески“ Крушево, објавува

           ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 1 (еден) работник на неопределено работно време за следното работно место

  1. Работник за обезбедување, шифра КУЛ0402 А01001, број на извршители – 1 (еден)

    За пополнување на работното место,кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови

       - вид на образование,  ССС-машинско-тутунско-гимназиско,или тригодишно образование ССС-III степен

  • со и без работно искуство
  • лиценца за обезбедување

  Работното време е  во три смени по 8 часа, нето плата без минат труд ќе изнесува 14 300ден.    

Напомена:Согласно годишен план за вработување  за 2019г.вработувањето е предвидено за Албанец/ка.

  Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови

      -  да е полнолетен,

      -  активно да го користи македонскиот јазик,

      -  да има општа здравствена способност за работното место и

      -со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење  професија, дејност или должност

  1. Пријавата за вработување содржи: податоци за кандидатот (име и презиме,матичен број,датум и место на раѓање,адреса и место на живеење,електронска адреса на кандидатот,контакт телефон,)кратка биографија,изјава за исполнување на општите услови за работното место и изјава за исполнување на посебните услови за работното место.

  Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или копија заверена на нотар и:

   -Уверение за државјанство ( не постаро од 6 месеци)

   -Доказ за завршен соодветен степен на образование

   -Потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци)

   - Лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот ( не постаро од 6 месеци)

3.Огласот трае 15 дена од денот на објавување во дневните весници. Постапка за селекција: ќе биде спроведена во две фази-проверка на пријавата и доказите и интервју.

4 .Кандидатите ,пријавите со потребните документи да ги достават во архивата на установата или преку пошта на адреса ул.Никола Карев бб Крушево најдоцна до 16,00часот последниот ден од огласот.

5.Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат

 

                                                                                                             НУ Спомен куќа на Тодор Проески-Крушево